| четврток, 6 декември 2018 |

Јелена Розга објави: Имаме наследник!

Јелена Розга денеска предизвика вистинска мешаница на социјалните мрежи. За тоа беше доволно покрај обичната фотографија од себе да стави двосмислен статус.

“Имаме наследник“, напиша русокосака сплиќанка и ги вознемири своите обожувачи.

Гласиштата ги подгреа и нејзиниот портпарол, Мате Рончевиќ кој во коментари постави бебе и цуцла.

Додека некои веруваат дека пејачката ќе стане мајка, други се сомневаат дека е во прашање нова песна. Јелена сеуште не објаснила што значи нејзината објава, а нејзиниот драг Стјепан Хаусер уште не се огласил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top