| четврток, 6 декември 2018 |

Последни подготовки на ДИК за изборите на 24 април

Државната изборна комисија (ДИК) е пред роковите за исполнување на обврските со цел да се обезбедат регуларни, фер и демократски избори. Формално- правно, ДИК е во постојано заседание.

dik-novi-5

 

Државната изборна комисија објави јавен повик во кој што бара ИТ компании кои ќе го извршат вкрстувањето на податоците. Јавниот повик трае три дена, односно заинтересираните компании/експерти може да конкурираат најдоцна до 5 февруари, до 12 часот.

-Јавен повик за избор на две ИТ Компании/експерти кои ќе ја извршат вкрстената проверка на базите на податоци на државните органи коишто располагаат со регистри на граѓани по различни основи. Државната изборна комисија има потреба и ќе избере две ИТ компании/експерти, кои располагаат со искусен аналитичар на податоци кој ќе помага во процесот на избирачкиот список.

Потенцијалните компании/експерти, кои ќе ги достават своите понуди, треба да располагаат си докажана историја на успешно работење на проекти од голем размер во Македонија, и тоа особено проекти за управување со информации чие спроведување интензивно се следи од страна на јавноста, се вели во огласот објавен во дневните весници.

Од ДИК посочуваат дека потенцијалните компании/експерти треба да располагаат со искуство во креирање системи кои вклучуваат строга заштита на податоци, тајност и политики за безбедност при управувањето со личните податоци на поединци.

-Потенцијалните компании/експерти ќе предложат кандидати од својата компанија, во улога на виш аналитичар на податоци. Во рамки на прегледот на доставените предлози, Државната изборна комисија ќе ги оценува кратките биографии на поединците кои се предложени од секоја од компаниите, како и портфолиото на самата компанија. Ќе биде направен избор на фирма и кратка биографија на поединец со кои ќе биде склучен договор. Изборот на компанијата која ќе учествува во проектот ќе зависи од поединецот кој ќе биде избран од страна на Државната изборна комисија, стои во јавниот повик.

Во јавниот повик наведено е и дека Државната изборна комисија ќе ангажира искусен аналитичар на податоци кој ќе помогне во заложбите на ДИК за составување на прецизен и веродостоен избирачки список за изборите во 2016 година.

-Аналитичарот на податоци ќе работи под водство на експертска група за ИТ која е назначена од страна на ДИК, како и со двајца искусни аналитичари со идентични задолженија. Двајцата аналитичари на податоци и аналитичарот на податоци ангажиран од ИФЕС МАКЕДОНИЈА (IFES MACEDONIA), ќе работат потполно независно еден од друг во однос на пребарувањата на податоците од изворните податоци обезбедени од страна на ДИК. Секоја од анализите ќе биде независна за да се потврди прецизноста и непристрасноста на податоците, се вели во огласот.

Аналитичарот на податоци ќе работи во просториите на ДИК во Скопје. Вишиот ИТ експерт/аналитичар на податоци се очекува да работи на дневна основа во текот на ангажманот и веројатно е дека ќе се бара подолготраен дневен ангажман во текот на оваа задача.

Фактичката состојба покажува дека ДИК всушност е пред роковите за исполнување на обрските, бидејќи формално-правно ДИК е во постојано заседание, а тука е и фактот дека ДИК можеше дури на 24-ти февруари да дознае дека ќе има избори на 24-ти април.


СДСМ ја потпиша методологијата за избирачкиот список

СДСМ ја потпиша методологијата за избирачкиот список. Таа е последната од четирите партии која даде согласност за методологијата што пред нова година ја предложи ДИК.

Според оваа методологија избирачкиот список ќе се ревидира во неколку фази. Постапката почнува со споредба на сегашната состојба на списокот со податоците од последните избори. Во наредната фаза ќе се прави вкрстено споредување на базите на податоци од 10 институции.

Во третата фаза ќе се врши теренска проверка на местата каде што податоците нема да се совпаѓаат. Ќе се користат ресурси на државниот завод за стастистика. Владата веќе одобри дополнителни простории, како и 50 автомобили за теренска проверка. Ќе биде и дополнително ангажиран стручен кадар, кој ќе биде ставен на располагање за потреби на ДИК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top