Тронот на кралот на мексиканската мафија кој остана празен по апсењето на Хоакин Гусман го зазема неговиот ривал Немесио Осегера, попознат како Ел Менчо.
Во мај 2015 година членовите на мексиканскиот нарко картел со запалени цистерни блокирале повеќе од 30 магистрали во Гвадалахара. Настанатата паника ја искористија среде бел ден да запалат и ограбат банки. Кога војската испратила хеликоптер тие со рачен фрлач на ракети со урнале, а потоа ги заклале војниците кои биле во него.
Полицијата верува дека зад оваа крвава акција стои Ел Менчо, водачот на картелот „Нова генерација“ од Халиск. Неговата моќ стекната преку повеќе милионски бизниси со дрога се зголемила последните години. Сега кога Ел Чапо е зад решетките повеќе никој не му стои на патот.
Тој моментално е главниот крими бос во Мексико. Им се прилагодува на околностите како лисица и менува соработници, успешно избегнувајќи полициски радари – вели Тристан Рид, безбедносен аналитичар од Мексико.
Медиумите го опишуваат Ел Менчо како „бизнисмен со војнички начина на размислување“ , насочен на продолжување на својот синџир на трговија со дрога кој моментално се протега до Кина.
-Се обидува да створи територијална династија и ќе го уништи секој кој ќе му се испречи на патот – го објаснува Осегари експертот од меѓународен институт во Сан Диего, Еверард Мид.
За ЕлМенчо не се знае многу. Ако имс е верува на шпекулациите, во прашање е поранешен полицаец од Уруапан во мексиканската држава Мичоакан. Од полицијата веруваат дека Немесио Осегера е организатор на голем број на неразјаснети злосторства во периодот од 2006 година до денес Меѓу нив е и убиство на 15 полицајци од државата Халиско.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)