| четврток, 6 декември 2018 |

Тања Савиќ проживува семејна драма

Пејачката Тања Савиќ решила конечно да се разведе од сопругот Душан Јованчевиќ. Пејачката е очајна, плаче со денови, а  како што пренесуваат медиумите поради лошите односи со сопругот Тања е на раб на нервен слом.

tawasavi'

 

-Тања повеќе не може да издржи со Душан. Депресивна е, нерасположена и постојано плаче . Постојано ми се жали дека ја гуши, љубомори и се меша во работата. Очајна е! Пропаѓа поради Душан. Јас и кажав повеќе да не се двоуми туку да се разведе- изјавила блиска пријателка на Тања.

66386_1tanja-dusan

Таа вели дека Тања живее во страв и неизвесност поради тоа што Душан и се заканил дека  повторно ќе ги однесе децата во Австралија и таа нема да може да ги види.

tanja-savic-suprug-dusan-sinovi-maksim-i-dorde-australija-1362090269-275161

-Исто вака и направи и пред две години. Душа тогаш ги зема пасошите на Ѓорѓе и Максим и сакаше да ги однесе во Австралија. Тања  се плаши дека овој пат навистина ќе го стори тоа. Дури и да не ги однесе во Австралија таа толку е во паника и параноја од него што мисли дека нема да поможе сама да се грижи за децата – тврди другарката на Тања.

Пејачката била недостапна за коментари, а нејзината мајка Живана изјавила за медиунејзината нивната ќерка што и да реши понатаму да преземе во врска со бракот.

thumb460_66077_1dusan tanja

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top