Скопјанката Антониа Гиговска (14) повторно ги остави без зборови членовите на жирито во музичкот шоу „Пинкови ѕвездички“.
Таа ја испеа песната „Hero“ на Мараја Кери, а жирито неможеше да најде доволно зборови за да ја пофали нејзината изведба.
-Како ова да не биде петка. Ова е величенствено, сериозно на високо ниво. Навистина би сакал сите да пеат така и така сериозно да пристапат. Очигледно е дека ти си родена пејачка, истакна Милан Станковиќ.
-Изгледаш како вистинска дива, достоинствено. Многу сум горда на вас три Македонки. Со толку жар и квалитет ги браните боите на Македонија во ова шоу, јас ви честитам. Се звучеше грандиозно, како за доделување на Оскарите, вели Гоца Тржан.
Хари Мата Хари истакна дека нема доволно зборови за да се објасни и опише тоа како Антониа пее.
Младата скопјанка го продолжува натпреварувањето со директен пласман во петтиот круг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)