| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува акцијата „Твојата книга за некого е дом!“

Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контектс – Струмица“, во соработка со Младинскиот Совет, здружението „НОВУС“, ЛУ Библиотека „Благој Јанков Мучето“ и Истражувачки центар за безбедност, одбрана и мир – ICBOM, а со медиумската поддршка на ТВ Канал Вис и порталот Strumica Online ве покануваат да земете учество во собирањето книги кои ќе послужат за формирање или надополнување на затворската библиотека во Струмица со нови наслови.

Акцијата ќе биде отворена за сите оние кои сакаат да подарат книга во среда, 3 февруари 2016 година од 17:00 до 20:00 часот во кафе бар СЕЛЕКТ, а собраните книги во најбрз рок ќе бидат доставени во КПУ Струмица.

Колку што разбравме, фондот на книги по затворите низ Македонија е од постар датум и недостигаат изданија од 90-те наваму. Не подарувајте сѐ и сешто, само нешто соодветно. И ве молиме, на книгите што сте одбрале да ги подарите напишете сопствена посвета до непознатиот затвореник. Разбравме и друго, некои затвореници изјавиле дека единственото нешто што ги одржува во живот и им дава утеха и надеж е токму читањето. Подарете книга на 3 февруари и остането со нас на мало дружење.

Бидете луѓе, подарете книга. И затворениците се луѓе. И Струмица е град и има луѓе со добра волја и граѓанска свест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top