Јувентус продолжува да доминира на фудбалските терени ширум Италија, откако „црно-белите“ го декласираа на гостински терен Киево со 0-4, за својата дванаесетта победа во низа во рамките од Серија А.
Отуството на Манџукиќ воопшто не се одрази врз играта на „старата дама“, која доминираше од првата до последната минута и го решеташе голот на „летечките магариња“. Алваро Мората беше во главна улога во првото полувреме постигнувајќи два гола за водство од 0-2. Во вториот дел на сцена стапи Погба, кој најпрвин асистираше до Алекс Сандро за третиот гол, пред самиот да го постигне четвртиот погодок за Јувентус во оваа убедлива победа.
Актуелниот првак имаше идеални шанси и за петти погодок, но шутевите на Алекс Сандро и на Погба завршија во гредата. Јувентус со оваа победа се искачи на првото место со еден бод повеќе од Наполи, но „наполитанците“ во 15 часот го играат својот меч од 22. коло, на домашен терен против Емполи.
Chievo vs Juventus 0 – 4 All Goals & Highlights… by elmasynetwork
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



