Кире Лазаров сепак не се најде во идеалниот тим на Европското Првенство во Полска, кој беше објавен попладнево на завршната прес-конференција во Краков.
Македонскиот капитен имаше освоено најмногу гласови од публиката во конкуренција на петте леви бекови кои се најдоа на скратениот список, но како пресуден се покажа ставот на стручното жири, кое сметаше дека Швеѓанецот Јохан Јакобсон треба да биде избран во овој дрим-тим пред Лазаров.
Покрај него, тука се најдоа и Германците Волф и Рајнхарт, Полјакот Јурецки, шпанскиот пивот Агинагалде, Хрватот Штрлек и младиот Норвежанец Сагосен.
Шпанскиот плејмејкер Раул Ентрериос е добитник на наградата за МВП на овој европски шампионат, додека Молгард од Данска е избран за најдобар дефанзивец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)




