Pоранешниот хрватски репрезентативец а сега тренер на Паок Игор Тудор, е пред отказ од солунскиот клуб Грција по серијата слаби резултати. Дополнително ситуацијата се влошува за него откако доживеал вистинска драма синоќа кога грчки хулигани го нападнале низ улиците на Солун.
Тудор бил нападнат од поголема група хулигани по ремито (1-1) на неговиот ПАОК со екипата на Атромитос.
– Може да поднесам притисок – истакна на прес-конференцијата по средбата Тудор, а потоа следеше драмата.
Повеќе од 100 хулигани го пречекале Тудор пред стадионот, каде најпрво го нападнале со пцовки, а потоа откако влегол во автомобилот почнале да го нишаат и удираат автомобилот. Подоцна го следеле по улиците на Солун, но сепак со помош на полиција потоа, наводно, мирно заминал во својот дом.
ПАОК е четврти на табелата со бод помалку од Панатинаикос и пет од АЕК. На Тудор навивачите му забележуваат за слабата и неатрактивна игра на тимот и серијата од четири натпревари без победа. Според пишувањата на грчките медиуми хрватскиот стратег веќе е отпишан од клубот, а се чека само официјално неговиот отказ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)