| четврток, 6 декември 2018 |

Војдан Стојановски го одведе својот тим до нова победа во АЦБ лигата

andora

Андора веќе побегна од дното на табелата во шпанското првенство и се наоѓа се поблизу до место во плејофот, а најзаслужен за тоа е Војдан Стојановски. Најдобриот македонски кошаркар за 2015 година се промовираше во лидер на својот тим, откако беше во главна улога и на вечерашниот натпревар против Сарагоса, што тимот од Андора го доби со резултат 91-81.

Една седмица по одличниот настап при поразот од Каха Лаборал, Стојановски се погрижи овојпат неговиот тим да стигне до триумф. Тој беше одличен во првото полувреме постигнувајќи 14 поени, а потоа реализираше во низа и кога гостите од Сарагоса фатија приклучок. На крајот, зад името на македонскиот репрезентативец останаа запишани 19 поени со одличен шут (2/2 за тројка, 6/8 за два поени, 1/2 за еден поен), надополнети со три скока, три асистенции и две украдени топки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top