Барселона го совлада Атлетико Мадрид на „Камп Ноу“ со 2-1 и се зацврсти на првото место на табелата во Примера со 51 освоен бод и еден меч помалку од ривалите. „Јорганџиите“ не можеа да сторат ништо повеќе од достоен пораз, со оглед дека во текот на средбата останаа со деветмина во поле, поради исклучувањата на Филипе Луис и на Диего Годин.
Коке во десеттата минута го доведе Атлетико Мадрид во водство, но Лионел Меси израмни во 30.минута, а Луис Суарез осум минути подоцна донесе и предност од 2-1 за каталонскиот тим.
Пред самиот крај на првиот дел, Филипе Луис по еден груб старт над Меси заработи црвен картон, Гризман имаше шанса која не ја реализираше за да донесе израмнување, а сите надежи за Атлетико Мадрид пропаднаа кога и Диего Годин во 65.минута беше исклучен.
Barcelona vs Atletico Madrid 2-1 All Goals… by HDGoalTV
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)