Напаѓачот на Борусија Дортмунд Пјер-Емерик Обамејанг и донесе нови три бода на Борусија Дортмунд во рамките од 19.коло од Бундеслигата со двата гола во последните десет минути од натпреварот против Инглоштад на домашен терен.
„Милионерите“ успеаја да го скршат отпорот на гостите во финишот од мечот и да му се приближат на лидерот на табелата Баерн Минхен на само пет бода. Баерн има и натпревар помалку, утрешниот против Хофенхајм на „Алијанц Арена“. Обамејанг успешно стрелаше во 77. и во 86. минута за новиот триумф.
Убедлива победа забележа Баер Леверкузен од 3-0 против Хановер, со головите на Кислинг во првото полувреме, и два на Чичарито во вториот дел, додека Херта не успеа да дојде до три бода на гостувањето против Вердер во Бремен. Во драматичен натпревар, во кој Херта имаше водство и од 1-3 до 70. минута, сепак на крајот мораше да се помири со реми по погодоците на Пизаро и Гарсија во 75. и во 77. минута за домашните.
Триумф од 0-2 на гостински терен забележа Шалке 04 против Дармштад.
Резултати – 19.коло:
Аугсбург – Франкфурт 0-0, Вердер – Херта 3-3, Дармштад – Шалке 0-2, Борусија Д. – Инглоштад 2-0, Леверкузен – Хановер 3-0
ТАБЕЛА: Баерн М.(-1) 49 бода, Борусија Д. 44, Херта 34, Леверкузен 31, Шалке 30, Менхенгладбах 29, Мајнц 27, Волфсбург(-1) 26,…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Жолтиот ѕид“ никогаш не изгледал потажно: Германците уште еднаш порачаа, понеделник не е ден за фудбал (фото)
-
Обамејанг пред потпис со Арсенал, напаѓачот им прати чудна порака на фановите
-
Гундоган со детали од престојот во Дортмунд: На тренинг доаѓавме пијани
-
„Милионерите“ имаат нов десен бек: Џереми Тојлан нов фудбалер на Дортмунд