Германката Анџелика Кербер е сензационална победничка на Австралија опен откако во финалето славеше против големата фаворитка Серена Вилијамс со 6-4,3-6,6-4.
Кербер на извонреден начин стигна до својата прва Гренслем титула, во седмиот меѓусебен меч со Серена стигнувајќи до втората своја победа.
Германската тенисерка, и покрај тоа што го играше своето прво Гренслем финале, во ниту еден момент не се уплаши од Серена Вилијамс, која, пак, се бореше за својата 22 Гренслем титула.
Одличено Кербер го почна натпреварот добивајќи го првиот сет. Сепак, искусната Вилијамс се врати во вториот сет, за да Германката откако најпрво во третиот сет пропушти четири брејк топки, успеа да ја освои петтата и да дојде до брејк за 4-2. Серена успеа да се врати, но Кербер искористувајќи ја шесттата брејк топка стигна до 6-4 во третиот сет за голема победа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




