Во Македонската опера и балет (МОБ) вечерва ќе биде изведена балетската претстава „Огнени градини“. Изведба на најновата претстава на МОБ е најавена и за во вторник следната недела.
Кореографијата е работенана музика од познатиот шпански композитор Мануел де Фаља. Кореограф е Џејмс Амар од Франција кој воедно ги скицираше елементите за либретото на претставата.
Претставата е условно составена од три дела: Градините на Алхамбра, Градините на Кордоба и Маѓепсана љубов, а кореографијата содржи доста елементи од шпанските традиционални танци со нагласка на фламенкото.
Сценограф е Зоран Костовски, а костимограф Александар Ношпал. Со оркестарот на Македонската опера и балет ќе диригира Бисера Чадловска.
Настапуваат: во Градините на Алхамбра:Саша Евтимова, Дафина Данилоска, Билјана Басмаџиева, Игор Веланоски, Дојчин Дочев (Бугарија), Мирослав Митрашиновиќ; во Градините на Кордоба:Мими Поп Алексова-Атанасовска, Наташа Јосифовска, Ивана Коцевска, Васил Чичијашвили, Дојчин Дочев (Бугарија), Игор Веланоски;во Маѓепсана љубов: Александра Мијалкова, Мими Поп Алексова-Атанасовска, Васил Чичијашвили, Мирослав Митрашиновиќ
Вокален солист е Ирена Кавкалевска, а солист на пијано е Дино Имери
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.