| четврток, 6 декември 2018 |

Норвешка поднесе жалба по поразот од Германија во полуфиналето

norveska 1

Норвешка и официјално поднесе жалба по поразот од Германија во полуфиналето на Европското првенство во Полска, бидејќи, според нив, Германија имала премногу ракометари на теренот во еден момент.

– Видовме неколку слики, кои покажуваат ситуација во која има повеќе голмани на теренот. Затоа, решивме да поднесеме жалба на конечниот резултат врз основа на тоа – изјави координаторот на норвешките селекции Хејди Тјугум.

ЕХФ потврди дека Норвешка поднела жалба и и даде рок до утре до 9 часот наутро да ги достави писмено причините за жалбата и потоа Дисциплинската комисија на ЕХФ ќе донесе одлука до 12 часот истиот ден.

Германија славеше со 34:33 по продолженијата, откако по регуларните 60 минути, резултатот беше израмнет 27:27. Норвежаните се жалат дека во последните пет секунди од продолженијата по победоносниот погодок на Каи Хафнер, Германија имала еден ракометар вишок на теренот, вклучувајќи двајца голмани.

norveska

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top