| четврток, 6 декември 2018 |

По средбите со Ештон, Црвенковски за сега нема коментар, за Ахмети „името е клучот за се“

kaherin-ashton--gruevski-1-Пред најавената конференција за печатот, високатѕа европска претставничка Кетрин Ештон се сретна и со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со Бранко Црвенковски, претседателот на СДСМ. За Ахмети, меѓуетничките односи се битен фактор за македонските евроатлантски интеграции, а решавањето на спорот за името е клучот кој ги отвара вратите. Ахмети информира дека Ештон се интересирала за процесот на преговори со нашиот јужен сосед и фазата во која тие се наоѓаат во моментот.

Ештон денеска е во официјална посета на Скопје, во рамки на балканската турнеја посветена на интеграциите. Претходно таа беше примена од претседателот Иванов и од премиерот  Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top