Има доволно време и услови до 24 април да се организираат фер и демократски избори кои сите партии ќе имаат доверба, истакна премиерот на преодната влада, смета претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев.
По неговата денешна средба со евроамбасадорот Аиво Орав и со американскиот амбасадор Џес Бејли во неговиот кабинет во Владата истакна дека добил впечаток дека и тие се за одржување избори во предвидениот датум. Но, не сакаше да коментира што би се случило доколку до 20 февруари меѓународната заедница оцени дека нема услови за избори.
– Тоа ќе бидат фер и демократски избори по сите стандарди. Има време да се организираат изборите. Во изборниот закон јасно е наведено кога тие треба да се одржат. Го повикувам СДСМ да не прави опструкции во однос на избирачкиот список и да ги повлече сите амандмани во однос за методологијата за прочистување. Фактот дека тие пред неколку дена тргуваа со избирачкиот список укажува дека нема проблеми со тој список – рече Димитриев.
Во однос на делот за медиумите, пак, премиерот рече дека го поддржува барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се донесе кој било Закон за медиуми од земјите на ЕУ. Сепак, Димитриев нагласи дека според него и постоечкиот закон е добар и истиот веќе ја има добиено поддршката и од меѓународната јавност.
Претходно, кратка средба со медиумите имаа и Орав и Бејли. Тие презентираа заедничка изјава во која истакнаа дека ЕУ и САД до 20 февруари ќе оценат дали се исполнети условите за одржување на веродостојни избори на 24 април, согласно договорот од Пржино.
Во нивната заедничка изјава се истакнува дека Државната изборна комисија треба да ги добие сите потребни финансии, како и кадровска екипираност за целосно и успешно организирање на изборите.
– Државната изборна комисија мора целосно да биде озбезбедена со персонал и финансии. Што се однесува до избирачкиот список, пак, мора да бидат завршени првичните вкрстени проверки на сите релевантни бази на податоци за да се добие слика колку опсежен ќе биде процесот на прочистување, вклучително и теренските проверки – истакна Орав пренесувајќи ја заедничката изјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Емил Димитриев: Дали владата работи на индустриската зона во Пробиштип?
-
Димитриев: Доаѓаат локални избори, силно се подготвуваме и очекуваме нашата партија и овој пат да има одличен резултат
-
Димитриев: Како и до сега, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на браникот на националните и државните интереси на РМ
-
Димитриев: Историското наследство и делото на Кирил и Методиј е едно од најзначајните богатства на Македонија и македонскиот народ