| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ на дополнителни прегледи поради повреда на коленото

Fenerbahce Istanbul and Cedevita Zagreb

Перо Антиќ одигра добар меч за Фенербахче против Цедевита, но за жал на истиот заработи и незгодна повреда поради која ивесно време ќе мора да отсуствува од кошаркарските терени. Поранешниот македонски репрезентативец незгодно доскокна при едно положување, остана да лежи под кошот, по што со помош на медицинските лица на Фенербахче го напушти теренот.

Турскиот гигант стигна до нова победа во Евролигата, но во таборот на Фенербахче се свесни дека овој триумф е скапо платен, бидејќи покрај Антиќ, повреда заработи и грчкиот плејмејкер Коскас Слукас.

– Перо Антиќ (колено) и Костас Слукас (пета) заработија повреди при победата над Цедевита. Во најскоро време врз двајцата кошаркари ќе бидат извршени детални прегледи, по што ќе биде познато и колку тие ќе отсуствуваат од терените – сооптија турските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top