Oд јануари 2016 година, директорот на Македонската опера и балет, Игор Дурловски, назначи уметнички раководители на операта и балетот. За уметнички раководител на операта е назначен Сони Петровски, а на балетот, Олга Панго.
Сони Петровски дипломирал и магистрирал на одделот по композиција на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Се усовршува на голем број семинари кај еминентни композитори во Македонија и странство. Петровски е вонреден професор на истиот факултет, а од 2012 година е избран за претседател на Сојузот на композиторите на Македонија. Автор е на голем број композиции изведени во повеќе од 30 држави, а напишал и две музичко-сценски дела, балетот „Паралели“ и операта „Леандер и Косара“.
Олга Панго дипломирала и магистрирала на Академијата за музичко и танцово искуство во Пловдив, Бугарија. Од 2007 е балетски педагог во ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј” а две децении била солистка во Македонската опера и балет. Од 2010 година работи како педагог, репетитор и кореограф во МОБ. Одиграла голем број на главни улоги во балетските претстави на МОБ. Како кореограф е автор на кореографии во балетски, драмски и оперски претстави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.