Последниот број на најстарото британско списание за преводна литература, „Модерн поетри ин транслејшн” (Modern Poetry in Translation) се затвора со песната „Тишината од други места доаѓа” од Никола Маџиров, посветена на истакнатите преведувачи од македонски на англиски јазик, Греам и Пеги Рид, кои починаа минатата година во Единбург. Списанието е основано во 1965 година од венцeносецот на Струшките вечери на поезијатa, Тед Хјуз, и е специјализирано за превод на современа светска поезија. Греам и Пеги Рид, професори по англиски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, преведувачи и лектори, долги години ја промовираа македонската литература преку нивните преводи на англиски јазик, а за својата преведувачка дејност имаат добиено повеќе признанија и почести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поезија од Јовица Тасевски Етернијан објавена на српски јазик
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик
-
Туристите збунети, Грците се изгубија во преводот на таблите (Фото)
-
Преводот „Republika Ilinditase e Maqedonise” е погрешен според нормите на албанскиот јазик


