| четврток, 6 декември 2018 |

Аматер доби шанса да игра против Ѓоковиќ и го збуни со прекрасен лоб (видео)

Рекреативецот Реј Колинс доби шанса да игра тенис со големите имиња Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј и Ана Ивановиќ и максимално си ја искористи шансата на хуманитарниот егзибициски меч во Ки Бискејн. Колинс по размена на неколку лесни удари се одлучи за атракција и успешно ја спроведе на теренот. Со удар од зад грб, го лобуваше најдобриот светски тенисер Ѓоковиќ и го збуни српскиот ас, кој се обиде да возврати, но ја погоди мрежата. Супер потег на Колинс, кој е аматер и никогаш не настапувал како професионален тенисер. Само случајно неговото име беше извлечено во лотаријата и доби можност да игра против познатите, а максимално ја искористи шансата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top