| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на српската група „Чистилиште“ во МКЦ

Оваа сабота, 30 јануари, во Младинскиот културен центар (МКЦ), свое прво претставување во Скопје ќе има српската група „Чистилиште“.  Ова трио од Белград е релативно ново име на динамичната српска сцена, која гравитира околу културниот центар БИГЗ.
0e10c0c1-e3a2-46a9-803e-2b39705865c9
Нивниот звук претставува експлозивна комбинација на мрачен нојз и арт панк со два вокали со голем емотивен набој и бескомпромисен став, силна енергија и голема прифатливост на песните зад кои се крие масивен звук кој го раздвижува телото. Чистилиште го сочинуваат Ивана Пауновиќ (гитара, вокал) Немања Булатовиќ (бас) и Трајче Николовски (тапани, вокал).
Неодамна го снимија својот деби-албум кој треба да излезе оваа година.
Како локална поддршка ќе настапи младото инструментално трио „Ред селс билоу“ , кое живее и работи на релација Скопје – Битола. Марко Галевски (бас), Александар Томевски (гитара) и Бојан Станиќ (тапани), тројцата со различни музички влијанија (класика, метал и сурф), создадоа жанровски-мутиран инструментален звук – комбинација од пост-рок, мет-рок, метал и еден куп други влијанија.
 Претходно „Чистилиште“ ќе настапат во Куманово (28 јануари – Агора) и во Битола (29 јануари – Бар Чаршија).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top