| четврток, 6 декември 2018 |

Проект за развој на Кокино како туристичка дестинација

Денеска, 29 јануари, во 10.30 часот, во центарот за дизајн  „Јавна соба“ ќе се одржи прес-конференција на која ќе биде претставен проект за развој на архео-астрономскиот локалитет Кокино како туристичка дестинација.

Проектот се спроведува од страна на Националната установа музеј – Куманово, во соработка со локалната акциска група „Абер 2015“ и со поддршка од Проектот за експанзија на мали бизниси, финансиран од УСАИД и од владата на Швајцарија.

На конференцијата ќе се обратат министерката за култура, Елизабета Канческа – Милевска, директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Лела Крстевска, директорката на НУ музеј – Куманово, Анита Цветановска, и Мајкл Стиватер, директорот на канцеларијата за развој на УСАИД Македонија

Проектот за развој на Кокино како туристичка дестинација вклучува нова веб-страница (www.kokino.mk) и видеоспот за локалитетот, кои ќе бидат презентирани за време на прес-конференцијата, како и аудиоводич (во форма на мобилна апликација), поставување патокази, реновирање на информативни табли, поставување  заштитни прегради за ранливите делови од опсерваторијата и оградување на локалитетот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top