Управниот суд ги стави надвор од сила сите 29 незаконски решенија, кои еден ден пред Нова година ги донесе техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Судот практично ја прифати тужбата на заменик-министерот Митко Чавков и изрече привремена мерка со која тие се ништовни сѐ до донесување конечна пресуда.
Пет од поништените решенија се незаконските разрешувања на началниците на секторите за внатрешни работи Скопје, Куманово, Битола, Штип и Охрид.
Со одлуката автоматски се поништуваат и решенијата со кои Спасовски незаконски си назначи нови началници. Истото важи и за разрешениот началник на одделението за полиција во Охрид каде што Спасовски постави свој човек против кого се водеше дисциплинска постапка.
Управниот суд со привремена мерка ги стави надвор од сила и незаконските решенија на Оливер Спасовски со кои спротивно на системот на кариера воспоставен во полицијата, беа унапредени уште 17 лица , партиски кадри на СДСМ.
Некои од нив од страна на Спасовски незаконски беа подигнати и по седум нивоа во хиерархијата на Министерството.
Таков беше примерот со сопругот на Фросина Ременски, кој од инспектор во ПС Гази Баба пред Нова година доби решение со кое беше прераспореден во кабинетот на директорот на УБК.
Еднакво скандалозно беше унапредувањето на неколку нивоа и на вработен во МВР, кој со првостепена пресуда беше осуден на неколкугодишна казна затвор за случајот „Шпион“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спасовски: За повик на бојкот ќе се оди во затвор
-
МВР место да се фокусира за злоупотреба на службена должност, се грижи кој ги направил фотографиите
-
Спасовски се грижи дали го следат на социјалните мрежи, но не и за расветлувањето на убиството на Саздовски
-
ВМРО-ДПМНЕ: Kриминалот царува по улиците, a Спасовски се прави слеп