| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ го потроши кредитот од Брисел

Ма­ке­дон­ски­те до­кто­ри за из­вр­ту­ва­ње се нај­доа во не­бра­но. А во мо­мен­тот ко­га ви­сти­на­та до­пре до ср­це­ви­на­та на нив­но­то не­под­нос­ли­во лес­но по­сто­е­ње, се акти­ви­раа и си­те ка­ра­кте­ри­сти­ки на неј­зи­ни­те из­вр­ту­ва­чи. Ед­но­став­на­та ини­ци­рач­ка ка­пис­ла на нив­ни­те под­ли дејс­тва во др­жа­ва­та, чи­ја­што не­сре­ќа, бу­квал­но и фи­гу­ра­тив­но, ги хра­ни нив­ни­те би­ти­ја и би­ти­су­ва­ње, овој пат беа Хан, ЕУ и ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца

„До­бри­те“ мом­ци од ЕУ ја сме­ни­ја еки­па­та, ба­рем за опо­зи­ци­ски­те из­вр­ту­ва­чи, кои не­за­до­вол­ни од при­до­не­сот на сво­и­те дов­че­раш­ни идо­ли, удри­ја по ли­кот и де­ло­то на дов­че­раш­ни­те до­бро­тво­ри и хе­рои. Се­пак, ова не е ни­што но­во во др­жа­ва­та СДСМ. Ста­ри­те вој­нич­ки ши­не­ли на ко­му­ни­стич­ки­те ро­до­на­чал­ни­ци се по­ка­жаа пре­го­ле­ми, пре­те­шки и пре­гру­би за неж­ни­те ра­ме­на на мо­дер­ни­те „ко­му­ни­сти“, но не и во­ста­но­ве­на­та игра на ку­мров­ски­те ос­но­во­по­лож­ни­ци, ко­ја од дам­ни­на гла­си и функ­ци­о­ни­ра спо­ред мо­то­то „из­вр­ти и вла­деј“. Или, во нај­ма­ла ра­ка – скриј ја ви­сти­на­та, а до­кол­ку не мо­жеш – на­ме­сти ја со­од­вет­но на сопс­тве­ни­те по­тре­би. Проб­ле­мот е што кон­сте­ла­ци­и­те се сме­не­ти, а вие сте ста­на­ле роб на на­ви­ка­та на ла­же­ње и на удоб­но ме­ди­ум­ско дејс­тву­ва­ње без от­пор. А на­ви­ка­та е ло­ша ра­бо­та, осо­бе­но ко­га, освен тоа, не зна­е­те да ра­бо­ти­те ни­што дру­го. И то­гаш, си­те ви се ви­нов­ни. И ло­ши. А вие сте тол­ку по­зи­тив­но на­стро­е­ни. За из­вр­ту­ва­ње…

Нај­де­ни во не­бра­но и со­о­че­ни со „опас­но­ста“од истре­бу­ва­ње на спон­зо­ри­те, кои сѐ по­јас­но уви­ду­ва­ат де­ка за­луд­но тро­шат ми­ли­о­ни до­ла­ри за при­до­нес, кој по­сто­ја­но е во ми­нус, ма­ке­дон­ски­те „мај­сто­ри“ на лаж­на­та ре­ал­ност се раз­бу­ди­ја во сопс­тве­ни­от кош­мар. Се­га се со­о­чи­ја со ста­ри­от кли­ент, оте­ло­тво­рен во ли­кот на Јо­ха­нес Хан. Евро­ко­ме­са­рот не им е по ме­ра уште одам­на, па та­ка, хи­е­ни­те се нај­доа на стар те­рен. Од по­че­то­кот на не­го­ва­та уло­га во кул­ти­ви­ра­ње­то на ма­ке­дон­ска­та по­ли­тич­ка ман­џа, сток­ме­на по ре­цеп­тот на со­ци­јал­де­мо­крат­ски­те ку­ли­на­ри, Хан е трн во но­га­та на дов­че­раш­ни­те идо­ло­пок­ло­ни­ци на стран­ски­от фа­ктор. Омра­за­та кон сопс­тве­ни­от на­род и неј­зи­но­то по­сто­ја­но расп­лам­ту­ва­ње е де­жа­ви за овие авто­ри, но неј­зи­но­то ши­ре­ње кон дов­че­раш­ни­от љу­бен со­и­грач, ед­но­став­но, ло­шо им при­ле­га. Проб­ле­мот е што ко­га сте фи­нан­си­ра­ни од стра­на, очиг­лед­но, по лу­цид­на­та ана­ло­ги­ја на не­шта­та не мо­же­те да плу­ка­те на стра­на, ту­ку са­мо „пра­во“ и до­ма. Па ма­кар и да сте ја по­гре­ши­ле стра­на­та. Ле­во и дес­но, не­ли…

 

analiza177-2

Ка­ко СДСМ ста­на Пе­пе­ла­шка

Са­бот­ни­от пр­жин­ско-европ­ски удар по пре­фи­не­ти­те со­ци­јал­де­мо­крат­ски се­ти­ла ги отрез­ни за мо­мент, но ги по­ко­ле­ба. По­не­дел­нич­ко­то до­те­пу­ва­ње од Бри­сел, кое го до­фи­лу­ваа Бу­дим­пе­шта и Ви­е­на, пак, ги за­ко­па, но за­луд­но. По пр­вич­ни­от шок и не­ве­ру­ва­ње, кои ги пре­диз­ви­каа из­ја­ви­те на евро­ко­ме­са­рот Јо­ха­нес Хан, опо­зи­ци­ски­те ка­ме­ле­о­ни на­бр­гу во­скрес­наа, ги сме­ни­ја па­нич­ни­те бои и вле­гу­вај­ќи во нов филм се прис­по­со­би­ја на но­во­на­ста­на­та­та си­ту­а­ци­ја. Се­га, игра­ат на кар­та­та на ем­па­ти­ја кон гу­бит­ни­кот, кој во вој слу­чај е прет­ста­вен во ли­кот и не­де­ло­то на мом­че­то од Мур­ти­но и не­го­ва­та „не­ви­на“ и до­бро­душ­на пар­ти­ска по­у­ба­ва по­ло­ви­на, ко­ја се­га игра на кар­та­та на Пе­пе­ла­шка.

analiza177-3Не­ба­ре, се­га ЕУ е ло­ша­та ма­ќеа, а ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не­на­сит­ни­те по­се­стри, кои си игра­ат со суд­би­на­та на пре­крас­на­та, до­бра де­вој­ка? Во на­ши­от слу­чај, проб­ле­мот не е са­мо во фа­ктот што чев­лич­ка­та ни од­да­ле­ку не од­го­ва­ра на пре­бир­ли­ва­та со­ци­јал­де­мо­крат­ска но­га, ту­ку во бол­на­та ви­сти­на што прин­цот-мла­до­же­нец (на­ро­дот) не­ма ни­ка­ква сим­па­ти­ја кон, во овој слу­чај, на­мет­на­та­та не­ве­ста од „стра­на“. Оби­дот на стран­ски­те шме­ќа­ри и ре­жи­се­ри со ко­ри­сте­ње­то на „Де­ус екс ма­ши­на“ или т.н. те­а­тар­ска Бож­ја ра­ка да ги збли­жат не­ве­ста­та и мла­до­же­не­цот пре­ку пе­тар­до­ид­ни­те „бом­би“, за­вр­ши со не­за­па­ме­тен де­бакл на кре­а­то­ри­те, кои се­га се на те­шки мон­та­жер­ски ма­ки. Твор­ци­те на ло­шо­то бо­ли­вуд­ско сце­на­рио ба­ра­ат ча­ре за сво­и­те акте­ри над кои над­вис­на „Злат­на­та ма­лин­ка“ за нај­ло­ша по­ли­тич­ка ко­ме­ди­ја. Филм што из­ле­зе па­ро­ди­ја на по­ли­тич­ка­та би­тка. Од­го­вор­но­ста ќе се ба­ра и за тие што го из­вр­ши­ја „ка­стин­гот“ и им ги да­доа овие пре­го­ле­ми уло­ги на глум­ци­те соз­да­де­ни за ста­ти­сти. Очиг­лед­но, гле­дај­ќи прем­но­гу тур­ски и ин­ди­ски се­рии, ма­ке­дон­ски­те на­дри­ко­а­вто­ри на се­ри­ја­та тол­ку ги из­ме­ша­ле лон­чи­ња­та и соз­да­ле ви­стин­ски ка­ла­ба­лак, што ме­ѓу­на­род­ни­от ре­жи­сер се­га по­втор­но тре­ба­ше да ги ва­ди. Та­ка, тој ги вклу­чи ам­ба­са­ди­те на „де­мо­крат­ски­те“ и уште по­при­ја­тел­ски зем­ји, кои слу­чај­но си­мул­та­но пу­шти­ја еден куп двоз­нач­ни со­оп­ште­ни­ја, чи­ја­што ви­стин­ска су­шти­на мо­же­ше да ја про­тол­ку­ва са­мо Фројд. За дру­ги­те смрт­ни­ци и из­вр­ту­ва­чи, пак, овие пи­са­ни­ја беа отво­ре­ни за си­те мож­ни тол­ку­ва­ња. Што и да ка­же­вте не­ма­ше да згре­ши­те. Осо­бе­но ако мо­ра­вте да го на­пра­ви­те тоа. За­тоа, бла­го­дар­но­ста за по­дат­ли­ва­та отво­ре­ност дој­де од си­те стра­ни на мно­гу­те Со­ро­со­ви ме­ди­у­ми, кои со мно­гу ќеф и ен­ту­зи­ја­зам јав­наа на гер­ман­ска­та и на хо­ланд­ска­та при­ка­ска. На­бр­гу, ги изра­ду­ва и бри­тан­ска­та. Слу­чај­но или не, а по­ве­ро­јат­но вто­ро­то, при­ка­ска­та се сов­пад­на со ре­ак­ци­ја­та на исти­те тие еми­са­ри во те­кот на „бом­би­те“. А ток­му во дип­ло­ма­ти­ја­та слу­чај­но­ста е „пер­со­на нон гра­та“…

 

Од Бри­сел „абер при­стиг­на“ за сил­на шла­ка­ни­ца

И до­де­ка ам­ба­са­ди­те ли­фе­ру­ваа „ша­ре­ни“ со­оп­ште­ни­ја, дел од ми­ни­стри­те на зем­ји­те-член­ки на ЕУ беа кри­стал­но јас­ни. Ун­га­ри­ја и Ав­стри­ја си го ка­жаа сво­е­то во Бри­сел. Та­му не­ма­ше ду­а­лиз­ми во тол­ку­ва­ње­то, по­ра­ка­та до опо­зи­ци­ја­та бе­ше нед­вос­мис­ле­на и гла­се­ше: оде­те на из­бо­ри на 24 април. Пе­тер Си­јар­то и Се­ба­сти­јан Курц, ми­ни­стри­те за над­во­реш­ни ра­бо­ти на Ун­га­ри­ја и на Ав­стри­ја си го ка­жаа сво­е­то без ра­ка­ви­ци. Беа осо­бе­но кон­крет­ни око­лу по­ли­тич­ка­та кри­за во зем­ја­та и до­го­во­рот од Пр­жи­но.

analiza177-peter-sijarto

– Факт е де­ка мо­ра­ме да ја по­чи­ту­ва­ме вол­ја­та на ма­ке­дон­ски­от на­род. А, ма­ке­дон­ски­от на­род гла­са­ше за оваа вла­да на че­ти­ри из­бо­ри по ред. Се­гаш­на­та вла­да не освои власт и по­зи­ци­ја на ло­та­ри­ја, ту­ку на пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри… Мо­ја­та по­ен­та е де­ка си­ту­а­ци­ја­та е мно­гу чуд­на во Ма­ке­до­ни­ја би­деј­ќи опо­зи­ци­ска­та пар­ти­ја не са­ка из­бо­ри кол­ку што е мож­но по­бр­зо – бе­ше де­ци­ден Си­јар­то.

Ун­гар­ски­от ми­ни­стер из­ле­зе не­во­о­би­ча­е­но искрен и око­лу уло­га­та на ЕУ, се­ка­ко, до­кол­ку са­ка ви­стин­ски да по­мог­не да се ре­ши си­ту­а­ци­ја­та во ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва.

– Мое мис­ле­ње или мој став е де­ка ЕУ тре­ба да ја под­др­жу­ва се­гаш­на­та ад­ми­ни­стра­ци­ја за да го над­ми­не овој вид криз­на си­ту­а­ци­ја. До опо­зи­ци­ја­та е да ре­ши да­ли са­ка да учес­тву­ва во ра­бо­та­та на пар­ла­мен­тот или не. Спо­ред на­ше­то ме­ре­ње, си­ла­та на де­мо­кра­ти­ја­та не мо­же да се ме­ри со тоа да­ли опо­зи­ци­ја­та са­ка да учес­тву­ва во ра­бо­та­та на пар­ла­мен­тот или не и мис­лам де­ка мно­гу, мно­гу ка­жу­ва тоа што од­вре­ме-на­вре­ме глав­на­та опо­зи­ци­ска пар­ти­ја се оби­ду­ва да го од­ло­жи да­ту­мот за пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри. Тоа ка­жу­ва мно­гу – наг­ла­су­ва Си­јар­то.

analiza177-sebastian-kurz

Ав­стри­ски­от ко­ле­га Се­ба­сти­јан Курц, исто та­ка, ги под­др­жа мис­ле­ње­то и ста­вот на ун­гар­ски­от ми­ни­стер.

– Ние си­те се сог­ла­сив­ме де­ка ни тре­ба це­лос­но спро­ве­ду­ва­ње на по­ли­тич­ки­от до­го­вор што бе­ше по­сре­ду­ван од Јо­ха­нес Хан во ми­на­ти­те не­де­ли и опо­зи­ци­ја­та мо­ра да го под­др­жу­ва ис­пол­ну­ва­ње­то на до­го­во­рот – из­ја­ви Курц.

„Де­мо­крат­ски­те“ и уште по­не­за­вис­ни ма­ке­дон­ски ме­ди­у­ми ги пре­мол­чеа по­не­дел­нич­ки­те из­ја­ви на две­те вли­ја­тел­ни европ­ски зем­ји, мо­же­би и раз­бир­ли­во би­деј­ќи се за­ни­ма­ваа со те­шка­та за­да­ча на из­вр­ту­ва­ње на и та­ка јас­на­та по­ра­ка на Хан во Пр­жи­но. Проб­ле­мот е што и ви­стин­ски­те ле­ви­ча­ри ви­доа де­ка ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца ги ба­та­ли но­во­ком­по­ни­ра­ни­те ра­ко­во­ди­те­ли на пар­ти­ја­та. „За ДПМНЕ и за ДУИ во овој ста­ди­ум да се од­не­су­ва­ат ва­ка сво­е­вол­но, зна­чи де­ка до­би­ле под­др­шка од САД и од ЕУ и де­ка не­кои од ар­гу­мен­ти­те на опо­зи­ци­ја­та не др­жат во­да. Осо­бе­но не таа за ме­ди­у­ми­те… Жа­лос­но е кол­ку вре­ме и лу­ѓе се за­гу­би­ја, за не­кол­ку­ми­на да би­дат хра­бри опо­зи­ци­о­не­ри“, на­пи­ша ко­лум­ни­стот Ивор Миц­ков­ски.

 

Ан­до­нов: За­ев са­ка да одр­жи ха­о­тич­на си­ту­а­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја

Тоа што опо­зи­ци­ја­та ги иско­ри­сти си­те кре­ди­ти кај ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца е склоп на мно­гу фа­кто­ри, кои се над­во­реш­ни и вна­треш­ни, об­је­ктив­ни и суб­је­ктив­ни и кои во­оп­што не се од пол­за за СДСМ, ве­ли уни­вер­зи­тет­ски­от про­фе­сор Оли­вер Ан­до­нов.

АНДОНОВ: Пр­во, има­ме со­стој­ба во ко­ја прем­но­гу дол­го вре­ме опо­зи­ци­ја­та ја кре­и­ра­ше вна­треш­на­та кри­за во Ма­ке­до­ни­ја соз­да­вај­ќи не­ста­бил­ност во др­жа­ва­та, што мо­же да се реф­ле­кти­ра и со не­ста­бил­ност во ре­ги­о­нот. На ова се на­до­вр­зу­ва и оче­ку­ва­на­та бе­гал­ска кри­за во еска­ла­ци­ја и си­те вна­треш­ни и над­во­реш­ни за­ка­ни врз ЕУ. Ма­ке­до­ни­ја е дел од европ­ски­от без­бед­но­сен ча­дор и тоа им е јас­но на Евро­пеј­ци­те, без раз­ли­ка што не сме дел од ЕУ, и се­ко­ја де­ста­би­ли­за­ци­ја на РМ отво­ра мож­ност за де­ста­би­ли­за­ци­ја на ре­ги­о­нот, но уште по­ве­ќе што ед­на не­ста­бил­на вла­да во Ма­ке­до­ни­ја не би га­ран­ти­ра­ла ус­пеш­но спра­ву­ва­ње со бе­гал­ска­та кри­за и на­до­а­ѓач­ки­те за­ка­ни, кои би има­ле ре­пер­ку­сии и врз европ­ска­та без­бед­ност. ЕУ има до­вол­но вна­треш­ни пра­ша­ња што ќе мо­ра во бр­зо вре­ме да ги ре­ша­ва, по­вр­за­ни со со­ци­јал­ни, еко­ном­ски и, се раз­би­ра, без­бед­нос­ни ас­пе­кти и ќе има да тро­ши сѐ по­мал­ку вре­ме за ре­ша­ва­ње на ед­на ба­нал­на по­ли­тич­ка си­ту­а­ци­ја во РМ.

Опо­зи­ци­ја­та ги иско­ри­сти си­те кре­ди­ти пред ме­ѓу­на­род­на­та јав­ност, осо­бе­но пред ЕУ, за што до­каз се и ре­ак­ци­и­те на ав­стри­ски­от и на ун­гар­ски­от ми­ни­стер за над­во­реш­ни ра­бо­ти. Во тој кон­текст се и оби­ди­те да ја прет­ста­ви вла­де­јач­ка­та ВМРО-ДПМНЕ ка­ко ди­кта­тор­ска власт и по­сто­ја­но­то ба­ра­ње из­го­вор пред Хан и дру­ги­те ме­ѓу­на­род­ни прет­став­ни­ци за од­ло­жу­ва­ње на из­бо­ри­те, па ду­ри тоа би­ло и тех­нич­ко пра­ша­ње.

На кра­јот, за жал, мо­ра­ме да кон­ста­ти­ра­ме де­ка на ме­ѓу­на­род­ни­те прет­став­ни­ци им ста­на јас­но де­ка опо­зи­ци­ска­та СДСМ, од­нос­но Зо­ран За­ев са­ка да одр­жи ха­о­тич­на си­ту­а­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја за да би­де по­ли­тич­ки жив. Во спро­тив­но, од СДСМ не­ма ре­ал­на по­ну­да ка­ко ќе ја во­ди др­жа­ва­та и што би на­пра­ви­ле за по­го­лем прос­пе­ри­тет, ту­ку по­сто­ја­но се по­ви­ку­ва­ат на вра­ќа­ње на власт и ба­ра­ат ха­о­тич­на со­стој­ба. Це­ли­от овој збир на фа­кти ја до­ве­ду­ва ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца во си­ту­а­ци­ја да ба­ра из­лез за бр­зо ре­ша­ва­ње на по­ли­тич­ка­та си­ту­а­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја и за вос­по­ста­ву­ва­ње ед­на ста­бил­на вла­да, ко­ја ќе има це­лос­на ле­ги­тим­ност во окол­но­сти­те што нѐ оче­ку­ва­ат. От­ту­ка, би би­ло нај­до­бро опо­зи­ци­ја­та и СДСМ да при­ста­пат кон под­го­то­вка и учес­тво на из­бо­ри­те во април го­ди­на­ва. На тој на­чин, ќе по­ка­жат др­жа­во­тво­рен ка­па­ци­тет и од­го­вор­ност за без­бед­но­ста на Ма­ке­до­ни­ја, ре­ги­о­нот и на ЕУ, од­нос­но ќе се ле­ги­ти­ми­ра­ат ка­ко од­го­вор­на по­ли­тич­ка стру­кту­ра пред ме­ѓу­на­род­на­та јав­ност.

 

Стра­вот ку­ќа чу­ва, кај СДСМ по­зи­ции

Во ма­ке­дон­ска­та тра­ди­ци­ја, стра­вот ја чу­ва ку­ќа­та. Кај ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја, пак, тој ги чу­ва те­шко здо­би­е­ни­те по­зи­ции на вр­ху­шка­та и на ста­ри­те до­бри из­вр­ту­ва­чи на ви­сти­на­та. Не е ше­га, ни­ту лес­но, со го­ди­ни да ла­же­те и да из­вр­ту­ва­те за ед­на пар­ти­ја, а се­га да сте во опас­ност иста­та таа по­втор­но да за­гу­би на из­бо­ри. Проб­ле­мот на оча­ен не­до­стиг од ар­гу­мен­ти и од фа­кти сѐ по­че­сто се ре­ша­ва со нив­но из­вр­ту­ва­ње. Ло­шо сфа­те­на­та по­ра­ка де­ка ла­га­та ста­ну­ва ви­сти­на ко­га ќе ја по­вто­ри­те 100 па­ти, пак, ста­на на­чин на дејс­тву­ва­ње.

Но, ми­си­ја­та не им е лес­на. Осо­бе­но, ко­га дру­га­та стра­на на­пра­ви­ла сѐ што сте се до­го­во­ри­ле, а вие тре­ба­ло са­мо да из­ле­зе­те на из­бо­ри. Ре­ал­но, си­те от­стап­ки беа од вла­ста: тех­нич­ки ми­ни­стри, ДИК, спе­ци­јал­на об­ви­ни­тел­ка, пов­ле­ку­ва­ње на пре­ми­е­рот и ред дру­ги. СДСМ са­мо тре­ба­ше по ед­на и пол го­ди­на бој­кот да се вра­ти во Со­бра­ние и да из­ле­зе на из­бо­ри. Пра­те­ни­ци­те, ко­неч­но, да ја зас­лу­жат пла­та­та, пар­ти­ја­та, пак, на из­бо­ри да ви­ди да­ли ја зас­лу­жу­ва до­вер­ба­та на на­ро­дот. А проб­ле­мот на це­ла­та пиш­ман-ре­жи­ја на СДСМ ле­жи ток­му во тој на­род, кој не са­ка да го на­ре­ку­ва­ат и тре­ти­ра­ат ка­ко сто­ка…

 

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 177. број на неделникот „Република“, 22.01.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top