| четврток, 6 декември 2018 |

Димитриев денеска во посета на ДИК

emil-dimitriev-foto-640x326

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денеска ќе оствари посета на Државната изборна комисија.

Средбата ќе се одржи во 15:30 часот.

Претходно Владата на Република Македонија одлучи на Државната изборна комисија времено да ѝ отстапи 50 автомобили за нејзините потреби за подготовка на изборите.

Освен тоа ДИК ќе добие и додатни канцеларии до зградата на поранешна „Нова Македонија“. Генералниот секретаријат на Владата исто така ќе треба и целосно технички да ги опреми просториите на ДИК, за да има висок степен на безбедносна заштита, во кои ќе се чуваат сите материјали поврзани со претстојните избори, информираат од Владата.

 Исто така, дел од државните институции добија задача да ги мигрираат податоците од регистрите и базите на податоци со кои располагаат, за да се ажурира избирачкиот список.

ДИК во најкраток можен рок треба до Државниот завод за статистика да достави и мислење за методологијата за водење и ажурирање на избирачкиот список, а го задолжи Државниот завод за статистика, во најкраток можен рок да достави мислење и одговор до ДИК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top