Заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски од редовите на СДСМ ги посети земјоделците во Ресен. Тој потенцираше неколку мерки од Програмата на СДСМ кои што, како што рече, значително ќе им помогнат на сите земјоделци.
-СДСМ ќе ги зголеми субвенциите на 160 милиони евра годишно, заеднички ќе се договараат откупните цени, ќе има ревизија на државното земјоделско земјиште и негово доделување на вистинските земјоделци, рече Николовски пред присутните.
Бенифициран работен стаж, зелената нафта, државна помош за отварање на производни капацитети, интервентен фонд од 3 милиони евра при пониски откупни цени на производите се само дел од многуте мерки во програмата на СДСМ за коишто зборуваше претседателката на Комисијата за земјоделство на СДСМ, Татјана Прентовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.