Македонскиот капитен Кире Лазаров е најдобар стрелец по главната фаза на Европското првенство во Полска. Пред завршницата на европскиот шампионат и мечевите за пласман, Лазаров е на врвот на листата на стрелците со 42 постигнати голови, еден повеќе од Шпанецот Валеро Ривера.
На третата позиција се наоѓа Белорусинот Барис Пуковски, со 37 постигнати голови.
За жал, Лазаров нема да може да ја (од)брани првата позиција, бидејќи Македонија веќе го заврши својот настап на Европско првенство и е пласирана на 11. место. Лазаров е единствениот Македонец кој е номиниран и во изборот за Олстар – тим на ЕП 2016, а гласањето ќе биде отворено до 30 јануари.
Ракометарите пред еден час веќе слетаа на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.