| четврток, 6 декември 2018 |

Европската комисија го објави извештајот за напредокот на Македонија – забележан е напредок во сите индикатори

Комисијата го поздравува продолжувањето со напорите за реформи и покрај неодамнешните политички тензии и ги нагласи притисокот од предизвикот за задржување на импулсот за политичкиот дијалог за целосно да се надминат ефектите од политичката криза

izvestaj ecГенерално, спроведувањето на реформите поврзани со ЕУ во Македонија продолжи со напредок во речиси сите цели и индикатори. Односите со соседите се добри и се преземени чекори во билатералните односи со Бугарија и со Грција. Формалните разговори во врска со прашањето за името, исто така, добија нов импулс во текот на извештајниот период.

Во извештајот, исто така, се нагласува важноста на спроведувањето на политичкиот договор на 1 март 2013 година, со кој беше надминат неодамнешната политичка криза.

„Постигнат е напредок во текот на последните шест месеци. Предизвик сега е да се одржи моментот за да се искористат отворените можности. За таа цел треба да биде целосно спроведен политичкиот договор од 1 март, вклучително и комисијата за истрага, меморандумот за разбирање и за исполнување на стратешката цел за членство во ЕУ и продолжување на дијалогот со новинарите“, посочува еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top