Актуелниот шампион на Австралија Опен Србинот Новак Ѓоковиќ ќе има шанса да ја брани титулата освоена минатата година, откако во првото полуфинале на првиот грен-слем годинава успеа лесно со 3-1 (6-1, 6-2, 3-6, 6-3) во сетови да слави победа над Роџер Федерер.
Ѓоковиќ со денешната победа поведе во меѓусебниот скор со најдобриот светски тенисер на сите времиња со 23-22 и воедно ќе се бори за шестата титула на терените во Мелбурн.
Досега на сите на финалиња на кои играл на Австралија Опен остварувал победа и се заќитувал со титулата.
Ѓоковиќ на неверојатен начин го започна мечот, го доби првиот сет со 6-1, а потоа и вториот сет со 6-2, за неполн час игра.
Федерер успеа да се врати во третиот сет, возврати со 6-3, но во четвртиот повторно Ѓоковиќ беше подобар и го комплетираше триумфот со победа од 6-3 во гемови во четвртиот сет.
Во второто полуфинале на Австралија Опен силите ќе ги одмерат Енди Мареј и Милош Раониќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.