Мирјана Антоновиќ повторно го прозва Мирослав Илиќ, својот бивш љубовник, за кого тврди дека е татко на нејзиниот 30 годишен син Девин.
Таа, одговарајќи на Фејсбук на писмо на жена која ја подржала, ги објаснила своите мотиви за приказната за Илиќ.
-Живеев во надеж дека тој самиот ќе смогне сила и ќе го направи она што е праведно пред луѓето и пред Бога.Тоа се и доведе до ова денес. Никој од нас не го сакаше тоа, а најмалку Девин и јас. Некои се со погрешно мислење, сметаат дека се се случува поради некоја парична корист. Тоа не е ни блиску до вистината!Верувајте, да го сакав тоа имав шанси пред 29 години- наведува Антоновиќ и додава дека Мирослав го молеле Девин и тој се да сретнат во 4 очи, бидејќи е сосема нормално детето да сака да го запознае таткото.
Таа понатаму наведува дека Илиќ сам го избрал овој најлош пат и дека тој прв за медиумите изјавил дека се луди и дека таа е психопат.
-Тој упорно со години ги навредува нашите Бобо и Брена, кои само го правеа она што беше негова должност. Не сте вие први кои тврдите дека тој не сака. Дали човек кој сака може да постапува како него?Дали човек кој сака може да стои покрај жена која нон-стоп, веќе со години го навредува неговото дете- напишала Мирјана и порачала:
-За жал нема оправдување!Не се доволни само исепаните песни, туку е потребен татко, да најде сила и да го прегрне своето дете. Тогаш тој би бил херој пред народот и што е најважно, пред својот син-одговорила таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Го застрелал својот син стар шест месеци: Мотивот за убиството ќе ве шокира!
-
Северина ја загуби битката за синот: Александар ќе живее со Милан
-
Син на политичар се врзал со лисици за девојката и скокнал од покрив на зграда – трагедија ја постресе Русија