| четврток, 6 декември 2018 |

Исламската држава шверцува терористи во Европа како бегалци

hrvatska migranti

Џихадисти на ИД ја злоупотребиле мигрантската криза за да прошверцуваат терористи во Европа користејќи лажни пасоши, известила британската разузнавачка служба.

Терористите патувале со лажни сириски и ирачки пасоши кои делуваат толку автентично што е скоро невозможно да се направи разлика меѓу бегалците и терористите.

Овие тврдења го зголемуваат притисокот на европските лидери сериозно да се справат со имигрантската криза што ја тресе Европа.

Се стравува дека ќелии со таканаречени спијачи се воспоставени во Велика Британија и широм Европа, и дека станува збор за џихадисти комплетно обучени и подготвени за напад на команда од нивните исламистички лидери.

Овие терористи биле обучени во Рака, каде им е даден нов идентитет поради што разузнавачките агенции тешко им влегуваат во трага.

Потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс смета дека Европа мора да ги депортира сите кои не бегаат од војна и прогон.

– Тоа е околу 60 проценти од сите баратели на азил. Тие луѓе немаат право да бараат статус на бегалци, додал тој.

Евроскептиците во Британија предупредиле дека единствен начин да се спречи влез на терористи во земјата е излегување на Британија од ЕУ и наметнување на многу строги гранични прописи.

Најмалку двајца од терористите во Париз кои убија 130 луѓе влегле во Европа со лажни сириски пасоши.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top