| четврток, 6 декември 2018 |

Се продава факелот од ЗОИ во Сараево во 1984

На најголемата светска аукциска веб-страница „ебеј“ се продава факелот од Зимските олимписки игри (ЗОИ) кои во 1984 година се одржаа во Сараево, сегашна Босна и Херцеговина, а тогашна СФР Југославија. Освен факелот, анонимиот сопственик го продава и олимпискиот дрес со број 76.

олимписки факел

Почетната сума што ја бара сопственикот за факелот е 4.449 долари, а аукцијата се завршува вечерва пред полноќ. Во Олимпискиот комитет на БиХ велат дека досега во неколку случаи имало вакви аукции.

факел1

– За ЗОИ беа направени околу 1.000 факели. Дел од нив им беа поделени како сувенир на оние што го носеа олимпискиот факел. Факелот со кој Сандра Дубравчиќ го запали олимпсикиот пламен е во сопственост на компанијата „Гризел“. Таа до пола е изгорена. Кај нас во музејот има три оригинални. Бидејќи пламенот помина низ цела поранешна Југославија, многу од носителите факелот го добија на подарок – изјави Един Нуманкадиќ, директор на Олимпискиот музеј.

факел2

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top