| четврток, 6 декември 2018 |

Просечната нето плата во ноември 21.976 денари

Просечната исплатена нето плата по вработен во ноември изнесува 21.976 денари и таа е зголемена за 1,8 проценти во споредба со тој месец претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемување од 2 процента има и кај бруто платата, која во ноември изнесува 32.268 денари.

Зголемувањето се должи пред сѐ на секторите „Други услужни дејности“, каде што има зголемување за 9,2 проценти, „Административни и помошни услужни дејности“ за 8,4 проценти и Градежништво за 7,1 процент.

Во ноември 1.2 проценти од вработените во Република Македонија не зеле плата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top