Најголеми плати во регионот земаат Словенците, а најмали Македонците, покажуваат статистичките податоци на земјите од бивша Југославија.
Во Словенија на крајот на 2017 година просечната нето плата се искачи на 1.062 евра. во Хрватска според најновите податоци просечната плата изнесува 835 евра.
Следува Црна Гора, во која, според најновите податоци на црногорскиот Завод за статистика, просечната плата последните месеци од 2017 година изнесувала 512 евра. Србија пак, има просечната плата од околу 459 евра.
Најниска просечна плата на Балканот имаат БиХ и Македонија.
Во БиХ просечната плата се движи до 440 евра. Според Државниот завод за статистика на Македонија, пак, просечната плата изнесува 377 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.