Канадскиот тенисер Милош Раониќ е последниот патник во полуфиналето на првиот грен-слем годинава, Отвореното првенство на Австралија. Тој во четврфиналето го победи Французинот Гаел Монфис со 3-1 (6-3, 3-6, 6-3, 6-4) во сетови и закажа меч со Енди Мареј за пласман во големото финале.
Раониќ го доби првиот сет со 6-3, но Монфилс возврати идентично во вториот. Сепак, Канаѓанецот го врати својот ритам во следните два сета, ги доби со 6-3 и 6-4 во гемови и успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија.
Во второто полуфинале силите ќе си ги одмерат Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.