| четврток, 6 декември 2018 |

Охрид го очекува инвазија на глувци

gluvci

Со повлекувањето на надојдените води и одлевањето фекалии во Охридско Езеро, постои сериозна опасност од наезда на глодари во канализациските системи, предупредуваат од Центарот за јавно здравје во Охрид, пренесува „Инпрес“.
Оттаму велат дека се подготвени за да ги преземат сите неопходни превентивни мерки за да не дојде до наезда на глувци и други глодари.
– Се очекува поголема концентрација и на глодари, особено во тие објекти или места каде што имало излив на фекална вода или фекална канализација, но и со самото повлекување на нивото на водите од Охридско Езеро очекуваме некои зголемени параметри поради поголемата концентрација на она што се таложело на дното на езерото – вели Сашо Точко од Центарот за јавно здравје.
Се прават напори во соработка со општината, постапката за дезинфекција, дезинсекција и дератизација да се изврши тогаш кога е неопходно нејзиното спроведување за да се уништат пренесувачите на заразни болести.
– Очекуваме, но веќе ги направивме и првите контакти со локалната самоуправа за да се преземат навремено чекори за да може непречено да се изврши дезинфекција, дезинсекција и дератизација на канализациските системи. Имаме позитивен првичен контакт од страна на локалната, а се надевам дека во наредниот период, а пред почетокот на сезоната ќе го направиме и тоа – додава Точко.
Последните мерења покажуваат дека нивото на езерото се наоѓа на 694 метри надморска височина или за четири сантиметри пониско од претходно достигнатиот максимум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top