Милан е веќе со една нога во финалето на Купот на Италија, откако на првата полуфинална пресметка славеше во Торино против нисколигашот Алесандриа со 0-1.
Стрелец на единствениот погодок за „миланезите“ беше Марио Балотели од пенал во 43. минута од средбата. Тој го одигра првиот натпревар за Милан по паузата од повеќе од четири месеци поради повреда. Алесандриа е најголемото изненадување во италијанскиот Куп, откако во претходните рунди ги елиминираше Палермо, Џенова и Специја.
Реванш средбата меѓу двете екипи, која се очекува да биде само формалност, е на 1. март. Многу поинтересен треба да биде вториот полуфинален двомеч од италијанскиот Куп во кој ќе се сретнат Интер и Јувентус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)