| четврток, 6 декември 2018 |

Енди Мареј се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен

Tennis Australian Open 2016

Најдобриот британски спортист за 2015 година, тенисерот Енди Мареј и во новата сезона продолжува со добрите игри. Тој веднаш на стартот во првиот грен-слем годинава, Австралија Опен се пласираше во полуфиналето откако во утринскиот меч во четвртфиналната пресметка го совлада Давид Ферер со 3-1 (6-3,6-7,6-2,6-3) во сетови.
Беше ова 19-ти меѓусебен дуел на двајцата ривали, а Мареј сега води против Шпанецот со 13-6 во победи. Го доби и четвртиот од вкупно пет нивни дуели на Гренслем турнирите.

Вториот светски рекет во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Канаѓанецот Милош Раониќ и Гаел Монфилс од Франција, додека втората полуфинална двојка веќе ја сочинуваат Ѓоковиќ и Федерер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top