| четврток, 6 декември 2018 |

Јован Бабачо го најде Крстот во Охрид (фотогалерија)

Фото: Ѓорѓи Личовски

По цели дваесет минути од фрлањето, Крстот што го фрли владиката Тимотеј е најден. Последен влезе да го бара Јован Бабачо од охридски Варош.

Ohrid krst (10)

За разлика од минатото, кога Крстот беше дрвен, оваа година беше фрлен метален Крст, па најверојатно заради тоа, верниците не можеа веднаш да го најдат.

-Ајде нека каже сега некој дека е наместено, рече владиката Тимотеј.

Ohrid krst (3)

Температурата на водата во Езерото е осум степени, а дува и силен јужен ветар, поради што дежурните екипи за Итна медицинска помош и Црвениот крст имаа над 20 интервенции.

Ohrid frlanje na Krst

Интервенирано е кај три лица поради премрзнување, а двајца со исеченици на нозете се однесени на хируршкото одделение во Охридската болница.

Ohrid krst (5)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top