И покрај заканите, уцените и притисокот од тројца европратеници од грчката неофашистичка партија „Златна Зора“, кои заедно со нивните асистенти ги фотографираа, снимаа и им се закануваа на присутните, меѓу кои и на дописнико на МИА од Брисел, вечерашната промоција на „Група на пријатели на Македонија“ во европскиот законодавен дом мина во пријатна атмосфера каде доминираше пријателството на Брисел и македонската држава. Со хрватската европратеничка Маријана Петир како нејзин претседател, „Групата на пријатели на Македонија“ во Европарламентот е составена од 26 европратеници.
(Видео: ТВ Сител)
–Ги повикувам сите пратеници од сите политички опции и земји што ја сакаат Македонија и нејзиниот европски пат и кои му сакаат добро на македонскиот народ. Основна цел е да се обидеме да помогнеме за Македонија да ги отвори преговорите оти сметаме дека 10 години земјата е неправедно во чекалната. Сметаме дека и ЕУ ги прекршува добрите обичајни правила кога прифаќа билатерално прашање да биде препрека на отворање на преговорите- истакна европратеничката Петир.
Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, пак посочи дека „овој настан во ЕП, вечерва потврдува дека е чекор кон остваруавњето нашата држава да ги почне пристапните преговори“.
-Значајно е тоа што Европарламентот, како институција која во подолг временски период го поддржува пристапот за почеток на преговорите со Македонија дека ние имаме група на пријатели што стојат принципиелно зад ставот дека е неопходно да се исполни европскиот дел од обврската. Македонскиот дел е се уште поврзан со целосно спроведување на политичкиот договор и реализацијата на изборите што се дел од него, а европскиот дел е дека потоа треба да биде донесен извештај што ќе даде конкретна препорака за отпочнување на членство со Република Македонија, порача министерот Попоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)