Тројца европратеници на грчката неофашистичка партија „Златна Зора“, заедно со нивните асистенти во Европскиот парламент, меѓу кои и осудувани криминалци и деликвенти, вечерва се обидоа да го опструираат формирањето на „Група на пријатели на Македонија“ во Европарламентот.
Генералот-неофашист Епитидеиос, дури лично им се закануваше на европратениците и го навредуваше и македонскиот министер за надворешни рабтои Никола Попоски, присутен на денешната церемонија во Брисел. Но, откако истиот заедно со неговите асистенти беа изигнорирани од присутните, мораа да заминат изговарајќи по пат:„Тоа не е Макеоднија, Македонија е грчка“ и „Тоа е СКопје, тоа е Вардарска!“.
Имено, европратениците од „Златна Зора“ уште во најавата за формирањето на оваа група изразија противење на употребата на терминот „Македонија“ за оваа група, бидејќи според нив „Македонија е регион во Грција, каде министер за надворешни работи е Никос Коѕијас, а не Никола Попоски“. Тие инсистираат оваа група да го носи името „Група на пријатели на БЈРМ“, за што упатувале и сериозни закани кон некои од европратениците што изразиле желба да учествуваат во неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)