| четврток, 6 декември 2018 |

Секое место со своја туристичка понуда

turizam-makedonija-predvid-semi-02Секој град со посебна стратегија за туризам. Министерството за економија, туристичките агенции и хотелиерите ќе прават стратегија за секој град за да привлече што е можно повеќе туристи во градовите каде што засега нема голем број туристи.

– Ова е нова иницијатива на Министерството за економија. Денеска се сретнавме со претставници на туристичките агенции и со сопственици на хотели од струшкиот регион за заедно да видиме како можеме уште повеќе да привлечиме странски туристи, изјави министерот за економија Ваљон Сараќини по средбата.

Во таа насока е и проширувањето на листата на земји за добивање субвенции. На земјите од Бенелукс се додадени и државите од Скандинавија. Крајна цел, според стратегијата за развој на туризмот, е до 2020 година учеството на туризмот во БДП да достигне до 5 проценти.

Министерството за економија денеска отвори канцеларија која ќе им пружа  техничка помош на сите туристички агенции кои досега имаа проблеми со пополнување на сите формулари и апликации за добивање субвенции.

– Многу од туристичките агенции се жалеа дека не добиваат субвенции  токму поради нерегуларности во делот на пополнување на формуларите и на апликациите. Затоа отворањето на канцеларијата е мерка која ќе доведе до подобрување на целокупниот туристички амбиент во државата – порача Сараќини.

Статистички, во февруари 2013 година во однос на истиот месец лани во Македонија има зголемување на бројот на туристи за 8,7 проценти. Минатата година учеството на туризмот во БДП изнесуваше 1,4 процент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top