„Орелот Еди“ е филм инспириран од вистинитата приказна за Мајкл Еди Едвардс (Тарон Еџертон), нетипичен, но храбар ски-скокач кој никогаш не престанал да верува во себе и покрај тоа што цела нација го сторила тоа.
Со помош на харизматичниот и бунтовен тренер кого го игра Хју Џекмен, Еди успева да стане национален херој кој ја претставувал Велика Британија на Олимписките игри во Калгари во 1988 г.
Еди „Орелот“ Едвардс станал познат по тоа што бил десет килограми потежок во однос на сите свои ривали и исклучително кратковид, но тоа не го спречило да настапува со наочари. Неговите лоши резултати го правеле се’ попопуларен, и што полошо скокал и што послаби резултати постигнувал, толку повеќе го барале.
Во филмот глумат Тарон Еџертон, познат во улогата во остварувањето „Кингсман: тајната служба“, Кристофер Вокен и Хју Џекмен, а режијата е на Декстер Флечер, додека филмот го продуцирал Метју Вон.
Комедијата за губитникот кој станува херој доаѓа во кината на 31 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)