| четврток, 6 декември 2018 |

Ел Шарави на шестмесечна позајмица во Рома (видео)

el saravi 1

Италијанскиот репрезентативец по шест месеци се враќа во Серија А лигата. Откако во првиот дел од сезоната настапуваше за Монако каде како појзамен фудбалер од Милан ги бранеше боите на клубот од малото кнежевство, се враќа во Италија и тоа во лутиот ривал на росонерите, Рома.
Рома на Милан, чиј играч под договор е Ел Шарави, за позајмицата ќе плати 2 милиони евра, со опција дека потоа ќе може да го откупи целиот договор за дополнителни 13 милиони евра.

Ел Шарави синоќа пристигна во Рим, а денеска откако ќе ги мине медицинските прегледи се очекува да стави потпис на договорот со Рома. „Фараонот“ сака да се наметне кај селекторот Антонио Конте за настап на ЕП 2016 во Франција.

Тој со голема еуфорија беше пречекан од голем број на новинари и фоторепортери на аеродромот во главниот град на Италија и веднаш даде изјава за медиумите.

– Се чувствувам мотивирано. Можеби малку чудно, но мотивирано и со гордост ќе го носам дресот на Рома – изјави Ел Шарави, кој од Милан како позајмен играч се пресели во Монако, но многу брзо повторно се враќа во Серија А.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top