| четврток, 6 декември 2018 |

Загаден воздухот во Тетово, Скопје, Битола и во Кичево

Во Тетово, скопските општини, Битола и во Кичево утрово е загаден воздухот.

Tetovo-protest-za-cist-vozduh-5

 

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање во Тетово регистрираа концентрации на ПМ10 честички од 226 микрограми, во Битола 138 и во Кичево 114. Од скопските општини највисоки концентрации се измерени во Центар 197, во Гази Баба 146, Лисиче 143, кај Ректорат 135.

Над максимално дозволените концентрации се измерени во Велес 92 микрограми и Кочани 63 микрограми на кубен метар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top