„Судиите што судат во совети по тужбите од изборите се избираат по пат на ждрепка. Некои одлуки од судиите немаа врска со законот. На ова сигнализирав и порано“, вели претседателот во оставка на Управниот суд, Исамедин Лимани, во изјава за „24 вести“.„Јас не сум политичар“, вака Лимани ја правда својата одлука да се повлече од претседателското место во оваа институција. Оставката на Лимани следува по вчерашната одлука на Управниот суд да ги прифати тужбите на ВМРО-ДПМНЕ за Струга и за Центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


