| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров: Ние Македонците сме родени за беља

Ние Македонците сме родени за беља изјави капитенот на македонската машка ракомента репрезентациија по мечот со Норвешка во кој Македонија ремизираше, 31-31 на ЕП во Полска.

Со 11 гола Лазаров беше прогласен за играч на натпреварот во кој Македонија до 53. минута имаше водство, дури и плус пет (22-17). До крајот на првенстово на македонсиот национален тим му останува уште средбата со Белорусија, в среда.

– Жал ми е што не победивме затоа што имавме пет гола разлика против Норвешка која се бори за медал на ЕП. Но, драго ми е што покажавме дека она против Хрватска беше само едно лошо издание, а ние имаме квалитети да се надигруваме со најдобрите светски селекции – изјави Лазаров за МТВ.

За пласман на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Рио де Жанеиро на Македонија, Полска ќе треба да победи на останатите два меча, а Франција да ја победи Норвешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top