| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија има одличен резултат на полувреме со Норвешка, плус четири!

Македонската машка ракометна репрезентација води со 17-13 по првите 30. минити на Европското првенство (ЕП) кое е во тек во Полска. Ова е меч од втората група на шампионатот.

Со седум гола капитенот Кирил Лазаров е најефикасен во македонскиот тим, а голманот Борко Ристовски има пет одбрани по првиот дел.

Разновиден, убав и течен напад го красат македонскиот тим кој за разлика од другите натпревари сега ги користеше шансите и постигнуваше голови со играч повеќе на теренот.

Селекторот Ивица Обрван го почна мечот со младиот Филил Кузмановски, кој го отвори мечот со 1-0, но за жал беше повреден во 5. минута и потоа не влезе во игра. Во вистински момент проработи и Филип Лазаров, кој влезе на негово место, постигнувајќи два гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top