| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 50 проценти од пријавените дивоградби во Штип се легализирани

Повеќе од педесет проценти од пријавените дивоградби во Штип се легализирани.

– Околу 1.000 дивоградби се во процедура, а со цел општината да им излезе в пресрет на тие што веќе ги поднеле сите потребни документи формирана е уште една дополнителна Комисија за излегување за процена на терен. Така што апелираме до граѓаните на општина Штип, тие што имаат дивоградби, а вклучително и тие што што имаат тераси, најитно да се достават – рече Ристов.

Тој забележи дека рокот за пријавување на барањата за легализација на дивоградбите е до 31 март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top